Основна дејност на компанијата е пескарање и антикорозивна заштита, но во своето работење го проширува со:
• стручно заварување применувајќи гасно, електро лачно, МИГ- МАГ и ТИГ постапка, заварувајќи метали и легури, под секакви услови и потреби;
• изведба на хидро и термоизолација за подобрување на ефикасноста;
• изработка на епоксиди, полиуретански и полиуреа подови за индустриски објекти;
• сервисирање на транспортни траки и нивна опрема;
• изведба на производствени погони;
• градежништво- изведување на градби од прва, како и втора категорија;
• трговија со увоз и извоз на стоки.
ПЕСКАРА ВЕЛ ДООЕЛ ВЕЛЕС е успешна компанија и голем инвеститор во својата дејност. Во 2011-та година е избрана за најиновативно претпријатие, од Министерство за економија на Република Македонија.
Работите се изведуваат во погоните на друштвото, на територијата на Р.Македонија, како и во Црна Гора, Косово, Албанија, Словенија. Меѓу позначајните објекти е Јадранското Бродоградилиште Бјела, Рудник Бучим, Рудник Саса, ОКТА, Скопска Пивара, ЕВН Македонија Електрани. Повеќе од педесет проценти од вкупното работење на компанијата го изведува во Бродоградилиштето Бјела, во континуитет од 12 години.
Еден од основните приоритети во професионалното работење на ПЕСКАРА ВЕЛ ДООЕЛ ВЕЛЕС е почитување на еколошката етика и заштита на околината, што практично е применето во секој проект преку користење на програми за нулта емисија на штетни материи, како и користење на материјали кои што се компатибилни со околината, со цел да се осигура заштита на секој вработен на неговото работно место, како и на опкружувањето.
Изборот кој што го правиме не важи само за денес и само за нас. Нашата општествена одговорност е долгорочна и резултатите од истата е наследство за идните генерации.