Термоизолација

Што е термоизолација?

Термоизолација претставува користење на полиуретанска пена чија што функција е да ја заштити средината од надворешни топлотни промени и да одржи континуирана пријатна температура во внатрешноста на објектот. Воздухот влегува и излегува преку пукнатини и мали отвори благодарение на ветер, на разлика на внатрешната и надворешната температура. Со полиуретанската топлотна изолација се постигнуваат оптимални услови бидејќи се формира воздушна бариера преку самиот објект.

ПУ – пена на неколку начини влијае на намалување на потрошувачка на енергија:

- Висок R (единица за термичка отпорност која што се користи во С.А.Д.
- Контрола на влагата и кондензацијата
- Го намалува преносот на температурата по пат на конвекција во ѕидовите и на таванот
- Го елиминира негативното влијание на ветерот – wind washing
- Го подобрува системот на вентилација

Покрај овие предности SPFA ги нагласува и другите позитивни карактеристики на ПУ – пената:

- ПУ – пена со затворени ќелии дава придонес во стабилноста на целата зграда
- Ја подобрува изолацијата од бучавата
- Пената со затворени ќелии може да биде и добра хидроизолација.

До 70% ЗАШТЕДА



Употреба:




ГАЛЕРИЈА