ДПГТУ ПЕСКАРА ВЕЛ ДООЕЛ од Велес има потреба од :
Работна позиција:
- Оперативен Градежен инженер
Потребни квалификации:
- ВСС (Високо образование) – Градежен факултет
- Работно искуство во струката се смета за предност
- Поседување на Овластување ,,А” за изведба се смета за предност
- Одлично познавање на англиски јазик
- Одлично познавање на MS Office и компјутерски вештини
- Поседување на возачка дозвола ,,Б” категорија
Вештини и споспобности:
- Раководни и лидерски способности
- Одговорност
- Самоиницијативност
- Работа на повеќе проекти истовремено
- Добри организациски и комуникациски вештини, способност за работа со рокови и под притисок
- Професионална етика, навремено и уредно завршување на задачите, и посветеност кон организациските цели и целите на проектот
- Интерес за постојано унапредување на своето стручно знаење
- Познавање на деловните трендови во градежништвото, енергетиката, животната средина итн.
Работни задачи:
- Менаџира и раководи проекти, проектни процедури и активности согласно нивните динамички планови
- Интензивна комуникација со сите чинители на проектите
- Водење на евиденција за текот на градбите и изработување на програмски извештаи за проектите
- Обезбедување на рентабилно користење на материјалните и финансиските средства при исполнувањето на планот за градба
- Следење и надзор на објектите во изградба
Работно време:
Од 08.00 до 16.00 часот, секој работен ден
Работните задачи се извршуваат во и надвор од седиштето на фирмата ,односно на терен, на градилишта каде што се реализираат проектите, но и во седиштето на фирмата.
Плата:
Висината на платата е во зависност од работното искуство и квалификациите на кандидатот.
Начин на пријавување:
На e-mail: maja.lefterov@peskara.com , со назнака “ За оглас: Оперативен Градежен инженер ”