Оглас за Градежен техничар (1)

ДПГТУ ПЕСКАРА ВЕЛ ДООЕЛ од Велес има потреба од еден работник на следново работно место :

ГРАДЕЖЕН ТЕХНИЧАР
 

Потребни квалификации:

  • Работно искуство во струката до завршни градежно-занаетчиски работи (се смета за предност)
  • Водење на градежен дневник, изготвување на градежни книги ( нема проектирање и цртање)
  • Поседување возачка дозвола Б категорија

 

Работни задачи и одговорности:

  • Ја организира, координира и издава наредби и упатства во врска со работата на техничкиот и оперативниот оддел
  • Учествува во решавање на проблемите кои се делокруг на работата на извршителите
  • Одговорен е за матерјалите и алатите кои ги користат при извршување на задачите
  • Врши контрола на работењето и учествува во креирање извештаи за работењето на одделот
  • Координација со раководното лице на градилиштето и надзорниот орган
  • Одговара за работата во рамките на своите овластувања
  • Врши анализа на терен со давање конкретни предлози за решавање проблеми на терен
  • Извршува соодветни задачи за работната позиција предвидени во правилникот за систематизација на Друштвото

 

Личен профил:
- Комуникативност, организираност и одговорност
- Способност за тимска работа
- Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност
- Флексибилност за работа на терен

Плата:
- Платата се одредува со меѓусебен договор.

 

Работните задачи се извршуваат во и надвор од седиштето на фирмата ,односно на терен, на градилишта каде што се реализираат проектите, но и во седиштето на  фирмата.

Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат наведените квалификации може да испратат своја биографија на: maja.lefterov@peskara.com , со назнака на позицијата за која аплицирате “ За оглас: ,,Градежен техничар” или да се јават  на тел.бр. 043/222-241