Оглас за Градежен техничар

ДПГТУ ПЕСКАРА ВЕЛ ДООЕЛ од Велес има потреба од работник на следново работно место: ГРАДЕЖЕН ТЕХНИЧАР

Потребни квалификации:
- ССС – средно образование ( Градежен техничар )
- Пожелно е работно искуство во струката до завршни градежно-занаетчиски работи
- Познавање на MS Office пакетот и интернет
- Познавање на англиски јазик
- Поседување возачка дозвола Б категорија

Работни задачи и одговорности:
- Ја координира, организира и издава наредби и упатства во врска со работата на техничкиот и оперативниот оддел
- Учествува во решавање на проблемите кои се делокруг на работата на извршителите
- Одговорен е за матерјалите и алатите кои ги користат при извршување на задачите
- Врши контрола на работењето и учествува во креирање извештаи за работењето на одделот
- Координација со раководното лице на градилиштето и надзорниот орган
- Одговара за работата во рамките на своите овластувања
- Врши анализа на терен со давање конкретни предлози за решавање проблеми на терен
- Извршува соодветни задачи за работната позиција предвидени во правилникот за систематизација на Друштвото

Личен профил:
- Комуникативност, организираност и одговорност
- Способност за тимска работа
- Лојалност, иницијативност, темелност, енергичност
- Флексибилност за работа на терен
- Работно искуство ќе се смета за предност

Работно време:
- Распоредот на работното време на оперативниот менаџер е соодветно на потребите на процесот на работа на компанијата.
- Работните задачи се извршуваат во и надвор од седиштето на фирмата ,односно на терен, на градилишта каде што се реализираат проектите, но и во седиштето на фирмата.
Плата:
- Платата се одредува со меѓусебен договор.

Сите заинтересирани кандидати кои ги исполнуваат наведените квалификации може да испратат своја биографија на: maja.lefterov@peskara.com , со назнака на позицијата за која аплицирате “ За оглас: ,,Градежен техничар” или да се јават на тел.бр. 043/222-241